17 Мај, 2024
0.0319

СДСМ И ДЕНЕСКА УВЕРУВА - водиме темелни и сериозни преговори за влада

Објавено во: Македонија 09 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Продолжува серијата соопштенија на СДСМ со кои уверуваат дека водат сериозни и темелни преговори за формирање на нова влада.

Повеќе детали не откриваат. 

Затоа, пак, тврдат дка на новата власт приоритет ќе и биде економијата и зголемувањето на платите.

„СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија“, велат од партијата.

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор, тврдат, се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

„Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани. Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада. За две и пол години покажавме дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо. Во следните 4 години ќе покажеме дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро. Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро“, велат социјлдемокртите во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?