27 Април, 2024
0.0256

„Savoir“: Кралски кревет за 175 илјади долари, нарачките се множат

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

За да ja одбележи 60-годишнината од крунисување на кралицата Елизабета II, „Savoir Beds“ произведе 60 специјално дизајнирани кралски кревети, кои се нудат по цена  од175 000 долари, јави онлајн изданието „The Daily Beast“. Цената е импресивна. Изработката на еден од креветите сепак трае 640 часа, а ги прават искусените столари Британци. Материјалите пак се од целиот свет - влакна од коњска опашка од Латинска Америка, кашмир од Монголија, свилени нишки од Сафолк. Декоративната рамка над креветот е дело на „Royal School of Needlework“ - исто работилница што ја дизајнираше венчаницата на Кејт Мидлтон. На дрвото е залепена свила со специјална техника, па поставата изгледа како направена од течно злато. Оттука, ако се земе предвид дека богатите со леснотија даваат по неколку илјади долари за шише вино, 50 000 долари за интерконтинентален лет со приватен авион, 100 000 долари за автомобил и 1 милион долари за чамец, креветот и не е прескап. Човек троши околу 1/3 од животот во кревет - ако не спиеш подобро и денот не е толку убав. Од „Savior Beds“ даваат 25 години или 9150 ноќи гаранција за креветите, што значи дека спиењето на него чини 19 долари на ноќ. Историјата на „Savior Beds“ трае повеќе од еден век. Сопственикот на „Savoy Hotel“, Ричард Дојл Карт, почнал да купува квалитетни кревети во Лондон во 1905 година Креветите му се допаднале толку многу што ја купил и компанијата која ги изработува. На крајот на 1990-тите години, сепак брендот „Savoy“ веќе ја губи својата популарност. Тогаш е купена од Алистер Хјуз. При купувањето во 1997 година во фирмата работеле само 2-а мајстори. Во моментов има 80. Како сличен производ преживува во период на економска криза? Според компанијата луѓето сеуште имаат пари, но ги трошат претпазливо. Првата нарачка на креветот од 175 000 долари е од Кина. Наскоро компанијата очекува и нарачки од САД - најважниот извозен пазар на „Savoir“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти