Сашо Василевски: Еднаш засекогаш да ставиме крај на патриоти и предавници
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018
Фото: СДК
Сашо Василевски, еден од седумтемина пратеници кои гласаа за отворање на уставните амандмани на драматичната собраниска седница и сега се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, се јави со свој коментар во јавноста.
„Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон.“, вели Сашо Василевски, екс пратеник на ВМРО ДПМНЕ, за ТВ21.
Тој е еден од тројцата пратеници заедно со Љубен Пауновски и Крсто Мукоски, кои беа ослободени од куќен притвор за да гласаат позитивно на собраниската седница и да обезбедат двотретинско мнозинство од 80 гласови. Пауновски и Мукоски засега немаат личен коментар за ситуацијата искажан во медиумите.