Сашо Мијалков: За девет години само неколку пати сум вклучил компјутер
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2021
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на денешното рочиште за масовното прислушкување, за наводите дека со лозинка влегувал во системот и сам слушал од неговиот кабинет, рече дека многу ретко го вклучувал компјутерот.
- И ова не е точно. Познавајќи се себе и мојот карактер, не сум имал таква потреба. Не сум човек кој користи компјутер на дневна основа, туку мобилен телефон. За 9 години колку што бев директор, само неколку пати сум го вклучил компјутерот, да видам што има на интернет, а не да прислушувам. Не ни постои таков доказ”,, рече Мијалков, негирајќу ги точка по точка обвиненијата.
Тој на денешното рочиште наведе дека многу било лесно да се прислушува надвор од системите на УБК и дека тука немал одговорност.