18 Мај, 2024
0.0300

Сарачини го токми предлогот, Груевски ќе пресече за Тајмиште!

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Иако за рестартирање на кичевските рудници Тајмиште и Стогово има неколку заинтересирани инвеститори, од Министерството за економија засега не откриваат ниту кои се потенцијалните концесионери, ниту зошто веќе две недели не е готов Извештајот за евалуација на понудите. Катерина Попоска Италијанска, Норвешка и Канадска компанија атакуваат на рудникот Тајмиште, неофицијално дознава Фактор. Иако пред две недели во Министерството за економија се отворија понудите од потенцијалните инвеститори за кичевските рудници Тајмиште и Стогово, оттаму се уште нема одговор дека ги скенирале и оцениле понудите. Нејасно е зошто толку се чека на Извештајот за евалуација на понудите, ако се земе предвид фактот дека уште пред десетина дека неофицијалните информации од Министерството беа дека за околу една недела извештајот ќе биде готов и ќе се достави до Владата. И од Министерството и од Владата засега не обелоденуваат кои се инвеститорите заинтересирани за овие рудници. Дали и кој ќе стане концесионер на Тајмиште и Стогово ќе пресече премиерот Груевски. “Комисијата за спроведување на постапката ќе го поднесе Извештајот за извршената евалуација на понудите до Владата, кој ако биде усвоен од Владата ќе резултира со Одлука за избор на најповолен понудувач. Дури тогаш Министерството за економија ќе ги објави концесионерите кои ги добиле овие концесии“, објаснуваат за Фактор од Министерството за економија. Тајмиште има капацитет да работи најмалку 150 години?! Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие висококвалитетна железна руда доволна за рудникот да работи во следните 150 години. Токму овој рудник не работи повеќе од 15 години. Иако во јуни годинава министерот за економија, Ваљон Сараќини, објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Турските инвеститори не уплатија навреме два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од кичевско Тајмиште, поради што Владата го раскина договорот со турците. Според последниот тендер, концесионерот на овој рудник имаше обврска да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најавил и дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата, но плановите не доживејаа реализација. Покрај за Тајмиште, Владата е пред одлука и за концесионер на рудникот за манган Стогово. Инвеститорите имаат право на експлоатација на рудниците во следните 30 години, со можност за продолжување на концесијата за уште толкав период.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање