27 Април, 2024
0.0278

Санкции за Иран и нов нуклеарен договор, најави Трамп

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Aмриканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден Американец не е повреден во денешниот ирански ракетен напад на две американски бази во Ирак и најави нови санкции за Иран.

Вели дека Иран попушта. Кажа дека убиството на иранскиот генерал Сулејмани беше решителна акција да се запре безмилосен терорист. Tрамп вели дека Сулејмани планирал нови напади и дека тие го спречиле во намерата.

„Ние елиминиравме еден од најголемите светски терористи и Американците треба да бидат благодарни и среќни поради тоа“, кажа Трамп. 

Тој ги повика европските земји да го напуштат нуклеарниот договор со Иран, опишувајќи го како глупав и побара да се преговара за нов договор.

„Веднаш ќе воведеме нови санкции кон Иран кои ќе бидат на сила додека тие не го променат своето однесување“, кажа Трамп.

Комесарот за надворешни работи на ЕУ, Хосеп Борел, претходно денеска изјави дека не очекува Франција, Германија и Велика Британија да излезат од нуклеарниот договор со Иран.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД би требало двапати да размислат пред да возвратат на иранскиот напад. 

Иранската државна телевизија денеска објави дека најмалку 80 „американски терористи“ се убиени во иранскиот напад врз американски цели во две воени бази во Ирак. 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на дополнителни напори за да се спречи војна во Персискиот Залив.

„Од своја страна генералниот секретар ќе продолжи активен ангажман со релевантни актери. Наша заедничка должност е да ги вложиме сите напори да избегнеме војна во заливот, која светот не може да си ја дозволи“, изјави неговиот портпарол Стефан Дујариќ.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети смртоносна одмазда доколку Иран го нападне Израел како дел од одмаздата за американското убивање на командантот Касим Сулејмани во Багдад минатата недела.

Словенија и Хрватска ги извлекуваат своите војници од Ирак, а Црна Гора ќе го одложи нивното испраќање таму откако ескалираа односите меѓу САД и Иран. 

Официјална Тирана ги зголеми безбедносните мерки по настаните во Иран. По нападите на американските воени бази во Ирак, Иран упатил закани и до Албанија, пренесуваат албанските медиуми. 

Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу утре ќе го посети Ирак во обид да се намалат тензиите. 

Веќе две години има тензии на релација Иран - САД. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни