26 Април, 2024
0.0277

САНДЕРС СО ТРИ ОД ТРИ - ја доби и Невада

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во Невада вчера се гласаше на партиски собранија (какуси) за избор на претседателски кандидат на Демократската партија и според повеќе од 20 отсто од преброените гласови победник е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, со освоени 46 отсто од гласовите.

Со оваа победа тој ја потврди улогата на фаворит во трката за номинација претседателски кандидат кој на изборите в ноември ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп. 

На второ место е е поранешниот потпретседател Џо Бајден со 24 отсто освоени гласови, додека на трето е поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиќ, со 14 отсто од освоените гласови.

Овие избори се трети по ред, по какусите во Ајова и прајмерис во Њу Хемпшир.

За разлика од овие две сојузни држави, каде претежни живее бело население, во Навада околу 50 отсто он населението е бело, а другата половина се афроамериканци, латиноамериканци и население со азиско потекло.

Сандерс, прокламиран демократски социјалист, апелира токму кон овие малцински групи, и претежно кон новите генерации Американци.

„Во Невада собравме коалиција од повеќе генерации и раси која не само што ќе победи овде туку ќе ја преплави и земјата“, порача синоќа Сандерс на митинг во Сан Антонио, Тексас.

Според најновата анкета на „Волстри журнал“ и „Ен-би-си њус“, Сандерс е лидер и на национално ниво, уште четири кандидати се борат за второто место. За Џо Бајден, Мајкл Блумберг (тој не учествува на какусите во Невада) и за Елизбет Ворен спремни се да гласаат по околу 14 отсто од демократите во Небада, 13 отсто од гласачите претпочитаат да гласаат за Пит Бутиџич, додека 7 отсто, се за Ејми Клобучар.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни