Самсунг се му приближува на Епл на американскиот пазар
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2013
Јужнокорејската компанија Самсунг, со своите иновативни телефони успеа да го зголеми својот удел на американскиот пазар на мобилни телефони и да се приближи досега неприкосновениот Епл, кој ги произведува Ајфон телефоните.
Според најновите податоци за пазарно учество, Самсунг сега држи 30% од пазарот, наспроти 39% на Епл, додека пред една година разликата беше 41-21 во корист на американскиот производител. Американскиот весник Ју-Ес-Еј Тудеј наведува дека далеку зад нив се наоѓаат Моторола со7% и ХТЦ и ЛГ со 6%.
Една од причините за растот на Самсунг секако лежи во четирите милијарди долари што компанијата ги потроши минатата година на реклама. “Потрошија повеќе од Епл, Мајкрософт или Кока Кола“ изјави аналитичарот Хорас Деди, кој го следи пазарот. Самсунг најголемиот успех го постигна со својот нов телефон галакси С3, што е пандан на Ајфон 5 на Епл.