19 Мај, 2024
0.0307

Самсунг ја претставува целосно новата Галакси Ј серија

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ја најави новата Галакси Ј (Galaxy J)серија. Hовите ГалаксиJ7, J5 и J3ќе понудат високи перформанси со неверојатен метален дизајн на куќиштето и подобрена технологија на камерата, за ултра пристапна цена.

Галакси Ј7 се одликува со премиум метално куќиште и со целосен HD супер AMOLED екран, батерија со подолг век на траење и 3GB RAM меморија. Како и моделите J5 и J3,  Галакси J7 им нуди поедноставено искуство на корисниците. Моделите J7 и J5 исто така се опремени со напредна камера со висока резолуција од 13 мегапиксели предна камера и 13 мегапиксели задна камера со LED блиц, која им помага на корисниците да фотографираат јасни и изострени фотографии, дури и во услови на слабо осветлување. Со понатамошното унапредување од претходната палета, Галакси J7 и J5 исто така имаат и скенер за отпечаток од прст.

Покомпактниот Галакси J5 се одликува со супер-стилско, целосно метално куќиште и целосен HD супер AMOLED екран за фантастично доживување при гледањето на содржини. Со унапредената предна камера од 13 мегапиксели и проширената меморија со micro SD која подржува повеќе од 256GB, корисниците можат лесно да фотографираат и да ја зачувуваат содржината која е важна за нив. Побрзиот 1.6GHz процесор го прави Галакси J5 помоќен од кога и да е до сега. 


Галакси J3, како и другите два модела, се одликува со масивно метално куќиште кое одговара на елегантниот дизајн на остатокот од портфолиото. Паметниот телефон може да зачува содржини, исто колку и J7 и J5 моделите, поради поголемиот капацитет до 16GB и унапредената 2GB RAM меморија, како и да фотографира подобри фотографии од претходно, благодарение на подобрената 13 мегапиксели задна камера со прецизен авто-фокус. J3 исто така ја вклучува безбедносната платформа Самсунг Нокс (Samsung Knox), правејќи ја содржината на вашиот телефон најбезбедна.

Галакси J серијата е од нашите најдобро продавани палети смартфони во Европа. Уверени сме дека новата Галакси Ј серија со напредениот дизајн, извонредната технологија на камерата и карактеристиките со високи перформанси ќе продолжат да ги привлекуваат постојаните и новите потрошувачи кои бараат прекрасни дизајни и моќни паметни телефони од премиум бренд по прифатлива цена.” – изјавиг-дин Павле Зобунџиј, Директор на Одделение за Телекомуникации, Адриатик Регион, Самсунг Електроникс.

Галакси J7 и J5 ќе бидат достапни во Европа од Јуни, а Галакси J3 ќе биде достапен во Јули. 

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст