Самсоненко на листата на ИТАР-ТАСС
Објавено во: Економија 04 Септември, 2018
Сергеј Самсоненко веќе подолг период е „на излезна“ врата од фудбалскиот клуб Вардар, но руската агенција ИТАР-ТАСС ги собра на една листа сите руски бизнисмени кои се сопственици на странски фудбалски клубови и на истата се најде и управителот на црвено-црните.
Во најтрофејниот фудбалски македонски клуб е од 2014-та, а во продолжение може да се види „списокот“ што го изготви ИТАР-ТАСС каде што е и името на Самсоненко.