19 Мај, 2024
0.0256

Само Ставрески знае дали сме на работ или во амбисот

Објавено во: Економија, Колумни 04 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Веќе влеговме во година која ќе биде една од најнеизвесните во четврт век постоење на Република Македонија. Неизвесностите се и општествено-политички и економски. Не е можно нивно надминување доколку истовремено не се направи продор и на општествено-политички и на економски план. Мора да се разбие врската   меѓу партиската узурпација на власта и дневната популистичката политика на лидерот на најголемата владејачка партија наспроти потребната  долгорочна социјална политика усогласена со развојот. Одржувањето на узурпацијата се потхранува со спроведување на дневна популистичка политика. Имено, водењето на таква политика е главно средство на узурпаторите да изнудуваат доверба кај осиромашените и преплашени граѓани само да не им го загрозат и она малку што го имаат, иако на подолг рок главниот цех ќе го платат тие, граѓаните. Но, тука е и почетокот на крајот на таквото владеење. Не заради тоа што некој така сака, туку затоа што се исцрпува материјалната основа за такво владеење. Власта продолжува со континуираното задолжување на државата  во земјата и во странство. Позајмените средства брзо се трошат, често нерационално, а долгот расте со динамика која го доведува во прашање благовременото сервисирање на обврските. Новите кредити се обезбедуваат со повисоки камати, за на крајот да дојде до отфрлање на кредитните барања на земјата која со нови кредити ги враќа старите. Оттука  почнуваат строгите мерки за штедење, со цел да се спаси државата. Првиот сигнал дека нешто не е во ред со јавната потрошувачка  се активира кога динамиката на нејзиниот пораст  е повисока од порастот на БДП. Тоа значи дека државата почнува да  троши непродуктивно. Вториот е кога државата  почнува да ја зголемува потрошувачката преку зголемување  на буџетските дефицити, финансирани од земјата и странство, а притоа зголемената потрошувачка не се одразува соодветно врз  динамиката на растот на БДП. Како последица на ваквите текови доаѓа до потреба за земање на кредити со кои ќе се враќаат претходно земените, со чија употреба не се обезбедиле приходи за да можат благовремено да се сервисираат. Црвеното светло се пали кога учеството на средствата за отплата на ануитетите по порано земените кредитни средства во БДП  ја надмине стапката на пораст на БДП. Овие сигнали во Македонија почнаа да  треперат после првите две години од владеењето на сегашната владејачка гарнитура. Во 2007 и 2008 година со буџетски дефицит помал од 1% од БДП се остварија највисоки стапки на раст на БДП од 6,5% и 5,5%. Потоа, постојано се зголемуваше  буџетскиот дефицит (а со тоа и јавниот долг), а стапките на раст во две години беа негативни, а во другите изнесуваше од 2-3,5%. Притоа, растеа и странските директни инвестиции, меѓутоа, и тие не помогнаа за забрзување на растот, бидејќи изостана синергијата од трошењето на буџетските средства и на вложувањата на странците. Наместо да придонесат за  динамизирање на растот, со буџетските средства се задоволуваа желбите за одржување на власт, а странските инвеститори, и покрај невообичаеното субвенционирање, ги изневерија очекувањата на властите да го динамизираат растот. За жал се обистинија моите проценки, кога тврдев дека не е возможно да се обезбеди одржлив раст на темели врз туѓа акомулација. Ваквите укажувања за неодржливоста на политиките на власта  не допираа до самозаљубените во „откритието“- развојот да го темелат врз странски директни инвестиции и пораст на долговите без оглед на што се трошат средствата.  Убедени во сопствениот  концепт за развој властите не се обидуваа ниту да дискутираат за проблемите на кои укажуваа критичарите. Тие впрочем јавно не дискустираат за ништо, бидејќи чувствуваат дека мошне тенка им е научната база на нивните политики. Само се фалат со изведување на проекти, а притоа никојпат не информираат колку пари се трошат за нивно остварување. Како во државниот социјализм. Важно е да се гради, а не и тоа колку ќе се потроши и дали ќе вратат вложените средства. Идилата на власта со  популизмот  дефинитивно беше доведена во прашање со неуспехот во остварувањето на проекциите од фискалната стратегија подготвена во 2013 година. Наместо да се намалува, буџетскиот дефицит ја надмина горната граница  на учество од 3% во БДП. Тоа само ја потврди сериозната ситуација во финансиите на државата. Затоа, веќе лани, на барање и на меѓународните финансиски институции се подготви нова фискална стратегија за остварување на финансиска консолидација на земјата. Проекциите се како и во претходната- во 2018 година буџетскиот дефицит да се сведе на 2,6% од БДП. Ако не се остварија целите на претходната стратегија уште помали се шансите тоа се се случи со целите на актуелната. Индикативно е, притоа, што не се објасни зошто не се остварија претходно поставените цели. Очигледно е дека намерно се избегнува да се зборува за тоа, бидејќи и јавно објавените податоци говорат дека  веќе заслепува црвеното предупредувачко светло за задолженост на земјата, каде за да вратиме 1.1 милијарда евра, во наредните три одини ќе треба да се задолжиме со нови две милијарди евра. Која економија ќе ги сервисира ваквите обврски   и каде со ваква структура на долг може да зборуваме за развојни перформанси, со оглед на повисоките трошоци за ангажирање на новите кредити и отплатите на главниците на достасаните кредити? Да не заборавиме дека    економскиот раст е веќе загрозен  со порастот на износите на каматите кои треба да се плаќаат на веќе користените кредити и отплатите на главницата. Отплатите за камата во 2014 година веќе претставуваа 1% од БДП (тоа е половина од износот на странските директни инвестиции минатата година). Ако на тоа се додаде и одливот на средства за отплата на главницата во износ од околу 2% од БДП, порастот на БДП од 3% значи само „скок во место“. Растеме, но, само толку за да ги сервисираме достасаните обврски. Во пораст од 3% на БДП нема можности за пораст на стандардот на населението. Тоа сигурно го знае Ставрески. И само тој знае колку му треба за ситуацијата да не се влоши повеќе отколку што е денеска, бидејќи ги има информациите и за бројните стасани а неплатени обврски кон доверителите. Можеби и некои други дубиози.  И  не е случајно што   постојано инсистира на пораст од 4% на БДП, иако другите прогнози се 3 или 3,5%. Доволно знае за да најде оправдување за најавените зголемени плати, пензии и надокнади на социјално ранливите категории население. Со вакви трошоци, а без остварување на посакуваниот раст, економијата се турка во амбис, ако веќе не е таму. Свеста за тоа не му дава мир. Не го успокојува ниту практиката за неостварувањата на власта да се оптужи опозицијата, бидејќи вистината излегува на виделина, дури и со нецелосните податоци лиферувани од неговото министерство. Опозицијата и критичарите не можат да бидат виновни за нешто за што властите, без нивно учество, донесле одлуки. д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа