05 Мај, 2024
0.0262

Само Катица Јанева може да им ја врати бизнис климата на бизнисмените

Објавено во: Економија, Колумни 13 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Духовите се вознемирија. Директно засегнатите почнаа со пресметките што се‘ би можело да се направи со парите коишто за Специјалното обвинителство ги бара Јанева. Можело ова да се купи, можело она да се купи, можеле толку илјади невработени да добијат месечна надокнада. За почеток, добро е. Тие што го воведоа раскалашеното трошење, тие што кога немаме за леб купуваа чоколади, тие што по непознати канали испумпуваат средства од државната каса и од бизнисмените со уцени, и тие што не водат грижа за приоритетите, сега стануваат домаќини и ги анализираат сметките. Незнам зошто, но очигледно е дека полека ги фаќа паника. Специјалниот јавен обвинител   барал 4 милини евра годишен буџет, барал да се вработат 124 лица, барал 30 телохранители и понудил работен план со кој првите обвиненија ќе биле подготвени до 15 декември. Сите овие бројки и датуми се во контекст на тезата дека работите се движат во сериозна насока, барем за почеток. Јанева со ваквиот потег прати јасен сигнал до сите  дека е решена да биде на висина на задачата која и е доделена и да  се обиде „џунгла полна предатори“ да ја претвори во хумано место за живеење. Впрочем што се 4 милиони наспроти испумпаните околу 5 милијарди евра во изминатите 9-10  години. Ако овој буџет со овие луѓе ги даде очекуваните резултати, е дури тогаш ќе можеме да зборуваме и за правна држава и за човекови права и за бизнис клима. Ништо од ова неможе да се имплементира доколку не се расчисти со криминалните структури кои ја разнебитија државата, судовите ги направија приврзоци на извршната власт и наполнија со партиски војници,  човековите права ги сведоа на обезбедување на партиска грижа, а бизнис климата за обезбедување на работа- единствено за „нашите“. А на бизнисмените не знаеш дали да им се лутиш или да ги жалиш.  Ги стегнаа во ќош, бизнис климата им ја претворија во „цунами“. Ако не се дел од „нивните“ ги санкционираат (а ако се нивни мораат да спонзорираат), дозволија странските инвеститори по добиените привилегии да ги прегазат како „брзи воз“,  а не наплатените побарувања од државата им ги прикажуваат како нормална појава.  И сега, тие што до вчера, на сето ова велеа „трајте има и полошо“ и до пред една година инфантилно му аплаудираа на министерот кој им ги врза рацете,  затоа што недозволуваше од државната каса да им се исплати заработеното, наеднаш се осоколија. Девет години „толчени“ , заборавија кои им се правата, а што им се обврските. Ни помалку, ни повеќе сега барат нешто што најмалку е во нивниот делокруг на работење . 25 години владите ги предлагале законите, е сега требало коморите и бизнис асоцијациите да ги предлагаат законските решенија кои нив ги засегаат. Нема потреба да потенцирам дека повеќемина од бизнис заедницата веројатно и би креирале поповолна бизнис клима во земјата (стабилна и консеквентна, наспроти сегашните импровизации на власта), меѓутоа, тоа не е нивна работа. Тоа е работа на владата. А ако таа не си ја работи како треба или, уште полошо, ако „забега“, треба да се најде начин како да се натера  да работи во уставни и законски рамки. Бизнисмените можат да укажуваат на проблемите во работењето, да предлагаат и бараат да се извршат определени промени во системските услови и во развојната стратегија, а од владата зависи дали ќе има „слух“ за нив. Но,   тие, никако, не можат да сметаат дека нивните предлози ќе имаат ист третман како владините. А власта, наместо да создава еднакви услови за работење на сите субјекти, си ја тера својата агенда и покрај укажувањата дека го запоставуваат и потценуваат домашниот бизнис во однос на странските директни инвеститори, а со тоа создаваат паралелни економии. Економијата врие од монополи и нелојална конкуренција. Неа не ја тангира ниту тоа зошто е замрена извозната активност  и инвестирањето во нови и модернизација на постојните капацитети на домашните бизнисмени. Бизнисот прописка дека меѓусебните побарувања на стопанските субјекти во земјата веќе стасаа на ниво од 5 милијарди евра, а „најекономската власт“ по осамостојувањето се‘уште, по неколку нефункционални, а затоа и  лажни, решенија и натаму обезбедува привилегирана позиција на државните органи и институции во подмирувањето на обврските спрема другите доверители. Ни мува не ја лази тоа што на сите им е познато дека државата е најголем бизнисмен во земјата, а задоцнетото плаќање на нејзините обврски кон доверителите го доведува во прашање исполнувањето на нивните обврски кон нивните доверители. Но, што е тоа важно кога државата, со бескаматни средства на стопанството, ги реализира нејзините приоритетни политики?! Бизнисмените, пак, „без вода“ ги голтнаа драконските казни за определени престапи и незаконски однесувања, па за среќа, во текот на заострувањето на тензиите во општеството поради разновидните протести, како „дар“ од власта им беа сведени во поразумна мерка. Симптоматично е тоа што тие не почувствуваа потреба  да се изјаснат околу неколкумесечните „бомбардирања“ од лентите со прислушувања, иако таму имаше индиции дека токму бизнисмените се  жртва  на силеџиски притисоци и уцени од врхушката на власт и дека „се храни“ од нив. Господа бизнисмени, ова не се менува со закон. И сега има доволно закони со кои се забрануваат и казнуваат уцените. Потребна е влада и институции кои ќе се борат против незаконитостите, а не да ги користат од позиција на власт. Затоа, барањето ви е неосновано, а напорите за пресврт на состојбите треба да се насочат во друг правец. А дотогаш, додека вам ви текне што и како треба да направите, Катица Јанева е тука. Таа како специјален јавен обвинител ја презема обврската, расчистувајќи со дел од криминалците, да реши и дел од проблемите на бизнис заедницата. Но, тоа ќе го стори само  доколку против директно инволвираните покрене издржани обвиненија, обвиненија кои ќе резултиураат со судски пресуди,  со затворски казни и со одземање на нелегално стекнатите имоти, затоа што само во таков случај ќе се прати абер на сите идни власти дека лоповлукот, корумпираноста и злоупотребата на службената позиција не се исплатливи бизнис активности. Во меѓувреме, Македонија ќе биде земја на апсурди. Се искачува на листите на земји каде корупцијата расте,  минималната плата по работник е најниска на Балканот, пратениците земаат по 8 илјади евра за транспорт до и од работното место за само 5 месеци, а  премиерот ќе рече, успешното спроведување на владините политики се гледаат со голо око, притоа не потенцирајќи колку секој граѓанин поединечно го кошта сето тоа што го гледа. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години