Добивај вести на Viber
Полицијата во Бања Лука пронајде кој го уништил автомобилот на министерката за градежништво на Република Српска, Сребренка Голиќ. Денеска го уапси Мирко Ковачевиќ под обвинение дека тој го искршил автомобилот на министерката минатата недела, но по грешка.
Имено Ковачевиќ го признал, но посочил дека нема ништо против Голиќ туку само сакал да му се одмазди на еден чувар во затворот од кој неодмна излегол, а кој имал ист автомобил како министерката, пренесе ИТАР ТААС и пишува дека не само што двата „Пасати“ биле со иста боја, исти им биле и последните две цифри на регистраските таблички.
Ковачевич сега се товари дека со метален лост ги искршил стаклата и ја оштетил шасијата на Фолксвагенот на Голиќ .