19 Мај, 2024
0.0275

САД: Стапи на сила финансиска блокада

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Без заедничко решение заврши повеќе часовната тензична политичка ситуација во Сенатот и Конгресот на САД, кои наизменично усвојуваа предлози за буџетот.  Двата дома не се согласуваа за само една точка – прифаќање на финансирањето на законот за здравствено осигурување познат како Обамакер.

Поради што на сила стапи прекин на финансирањето на активностите на федералната влада со што ќе бидат погодени голем број граѓани. Проценките се дека на принуден одмор ќе бидат испратени повеќе од 852 илјади до два милиона буџетски корисници.

Блокадата на Владата ќе влијае и на низа државни активности – од работата на судовите до финансирањето на армијата, полицијата и сите федерални институции.

За време на драматичниот понеделник во Вашингтон, прво Сенатот во кој мнозинство имаат демократите усвои предлог со кој се предвидува финансирање на Обамакер со што беше вратен буџетскиот закон на одлучување  во Конгресот.

По повеќечасовни консултации Конгресот во кој мнозинство се републиканците, почна гласање околу дваесет часот по локално време и по получасовна дебата изгласа нов предлог за буџет кој одлага финансирање на Обамакер за една година. За тој предлог гласаа 228 конгресмени, додека 210 беа против. Меѓу оние кои гласаа за, имаше и девет демократи додека 12 републиканци гласаа против тој предлог.

Сенатот веднаш се состана и во 22.30 по локално време, го одби предлогот на Конгресот со 54 гласа за и 46 против, со што беше вратена својата верзија на предлог за ново одлучување во Конгресот.

Истовремено со гласањето според американски медиуми, имаше и политичко лобирање, а претседателот Обама по телефон разговараше со лидерите на републиканците и демократите во Конгресот и Сенатот апелирајќи да го изгласаат буџетот.

Околу 23 часот Си-Ен-Ен пренесе дека лидерите на републиканците нудат преговори со демократите, но тоа беше одбиено од страна на демократите.

Во меѓувреме претседателот на САД потпиша закон со кој се осигурува припадниците на армијата и крајбрежната стража да добијат плати за време на финансиската блокада на Владата.

По стапувањето на сила на укинувањето на финансирање на Владата, двете страни може да продолжат со преговори и да ја прекинат блокадата во момент кога ќе има договор за буџетот и финансирање на Обамакер. Американската Влада последен пат заради неусвојување на буџет, била блокирана три недели во крајот на 1995 година.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)