17 Мај, 2024
0.0264

САД официјално ги обновуваат дипломатските односи со Куба

Објавено во: Свет 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Соединетите Американски држави во потполност ќе ги обноват дипломатските односи со Куба и ќе отворат амбасада во Хавана за прв пат по повеќе од половина век, соопштија во средата претставници од администрацијата на американскиот претседател, Барак Обама. Како што истакнуваат договорот паднал по 18 месечни тајни преговори. Обама веќе побарал од државниот секретар, Џон Кери, да го преиспита епитетот „спонзор на тероризмот“ кој до сега САД го употребуваа за Куба што и го препишаа во 1982 година. Со ваквиот тек на настанисе сега туристите од САД ќе може да патуваат во Куба по олеснета процедура, а истото ќе важи и за туристите од Куба кои ќе сакаат да ги посетат САД. Новинарите, истражувачите и владините функционери ос Америка од сега многу побрзо ќе добиваат виза. Целта е американските експерти да помогнат во јакнењето на приватниот сектор. На кубанскиот список за извоз ќе се најдат голем број производи како градежни материјали и земјоделска опрема. Американците со посебна дозвола ќе можат да увезуваат продукти во вредност од 400 долари, но вредноста на увезени цигари и алкохол од Куба нема да смее да ја надмине вредноста од 100 долари по увозник. На американците кои ќе патуваат во Куба ќе им биде дозволена употреба на кредитни и дебитни картички на територијата на целата земја. Како што е најавено, Куба со ваквата политика треба да доживее „технолошко процветување“, а софтверските и хардверските системи треба да направат голем пробив на нејзината територија. Наскоро се предвидува поврзување на САД и Куба по пат на интернет и телефонија.  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра