САД ОДОБРИ ПАРИ ЗА УКРАИНА: Ќе добијат 60,8 милијарди долари
Објавено во: Свет 20 Април, 2024
Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош за Украина.
Демократите и Републиканците се здружија и после повеќемесочни застои.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на одлуката и кажа дека оваа помош ја „одржува историјата на вистинскиот пат“.
„Благодарен сум на американскиот Конгрес особено на партиите и на претседателот Мајк Џонсон на одлуката која историјата ја држи на вистинскиот пат. Демократијата и слободата ќе имаат глобално значење и никогаш нема да пропадне додека САД помага на заштитата. Виталниот закон за американската помош кој денеска е усвоен, ќе спречат ширење на војната, ќе спасат илјадници живот и ќе помогне на нашите нации да зајакнат. Праведен мир и сигурност може да се постигне само со сила. Се надеваме дека предлозите на закон ќе бидат поддржани и од Сенатот и ќе бидат на масата на претседателот Бајден. Благодарам Америка“, напиша Зеленски.
Руската инвазија на Украина влезе во трета година.