18 Мај, 2024
0.0275

САД не се откажува од шпионирање на странските влади

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател Барак Обама во интервју за германската телевизија ЗДФ, изјави дека разузнавачките служби на САД ќе продолжат да ги шпионираат странските влади.

Обама нагласи дека го стопирал шпионирањето на лидерите на пријателските земји и додаде дека нема да дозволи оваа програма да ги наруши неговите односи со германскиот канцелар Ангела Меркел.

- Нашите разузнавачки агенции, како и германските разузнавачки агенции и натаму ќе бидат заинтересирани за намерите на владите ширум светот. Тоа нема да се измени, рече Обама во интервјуто, кое беше емитувано вчера.

- И нема смисла разузнавачките служби да постојат, доколку сте ограничени на темите, за кои можете да прочитате во „Њујорк тајмс“ и „Шпигел“, истакна Обама.

Тој напомена дека суштината на разузнавачката работа е во тоа да дознае што народот мисли и прави.

Американскиот претседател изјави дека нема да дозволи шпионирањето да го расипе неговиот пријателски и доверлив однос со Меркел.

- Не сакам да го доведам во опасност тој однос со примената на механизмот на надзор и тој на каков било начин да ги загрози видот на комуникацијата и довербата, која ја имаме еден во друг. Тоа што можам јас да го кажам е: Се додека јас сум претседател на САД, германскиот канцелар нема да мора да се грижи за тоа, рече Обама.

Односите меѓу Берлин и Вашингтон се влошија по откритијта на поранешниот разузнавач Едвард Сноуден дека американската Агенција за национална безбедност ги прислушувала мобилните телефони и ги следела електронските пораки на американските граѓани, но и на лица од странство, како и на странски државници, меѓу кои и Меркел.

Американската разузнавачка служба својата работа ја бранеше со борбата против тероризмот и собирањето податоци за безбедносните активности против САД.

Можеби ќе ве интересира

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск