04 Мај, 2024
0.0255

САД ќе помага во одгледувањето на македонска пченка

Објавено во: Агробизнис 07 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Преку проект на УСАИД „Расти повеќе пченка“, Соединетите американски држави ќе помагаат на македонски земјоделци да го зголемат и модернизираат производство на пченка во земјава. Целта е зголемување на приносите на пченка по хектар за до четири пати преку воведување на подобри сорти на семиња и земјоделски практики, кои заедно со системи за капка-по-капка наводенување. За спроведување на оваа иницијатива во Полог, УСАИД стапи во партнерство со живинарската фарма Везешари, со стручното училиште “Моша Пијаде” од Тетово и со повеќето општини од регионот. -Американскиот народ го финансира поставувањето на системи за капка-по-капка наводнување на 16 опитни полиња со пченка, вклучувајќи го и оние кои денес ги видовме во Везешати и “Моша Пијаде”, за да демонстрираме дека малите фарми можат да бидат попрофитабилни преку инвестирање во нови технологии и следење на добрите земјоделски практики,” изјави заменикот амбасадор на САД во Македонија, Брајан Агелер додавајќи дека се надева дека ќе додадат вредност и во други поврзани индустрии, како млечната и живинарска индустрија кои зависта од пченката за прехрана на животните. Проектот ќе финансира набавување на високоприносни сорти на пченка за дополнителни 28 полиња во полошкиот регион. Други фармери ќе можат да ги посетат овие опитни полиња за да научат како да ги зголемат приносите преку користење на истиот пристап во нивните мали бизниси. Во текот на наредните две години, Проектот ќе ја зголеми бројката на фармери вклучени во иницијативата Расти повеќе пченка. Користењето на напредни земјоделски практики ќе им помогне на микро и малите фарми да ја трансформираат нивната дејност од секундарна и загубарна професија во примарен и профитабилен бизнис.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?