Добивај вести на Viber
САД сака да ја тужи агенцијата за рејтинг „Стандард и Пурс“ поради нејзините преоптмистички оценки на хипотекарските хартии пред избивањето на финансиската криза во 2007 година.
Американското министерство за правда веке ја информирала водечката рејтинг агенција од каде велат дека тужбата би била неоснована, биејќи никој не можел точно да го процени падот на пазарот на недвижнини.
„Вол Стрит Журнал“, повикувајќи се на извори кои се запознати со ситуацијата пишува дека тужбата би можела да биде поднесена уште во текот на оваа недела.
Големите рејтинг агенции пред избивањето на финансиската криза на голем број американски хипотекарски хартии им дале многу добри оценки за бонитетот. Инвеститорите се потпреле на ваквите оценки при своите зделки. Кога изби кризата, меѓутоа, дури и хартиите со оценка „тројно А“ многу брзо ја загубија својата вредност, пишуваат американските медиуми.