14 Декември, 2025
0.0481

САД и ЕУ со силна осуда за насилствата на Косово, ова може да влијае на билатералните односи

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 07:26

Добивај вести на Viber

САД и ЕУ ги осудија вчерашните немири во северно Косово. САД велат дека тоа ќе влијае на билатералните односи. 

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика таа веднаш да се прекине.

„САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинската зграда на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане“, напиша на Твитер амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер.

Европската унија ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради.

„Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат“, се наведува во пишаната изјава на Петер Стано, главниот портпарол за надворешна политика и безбедност на Унијата.

Велат дека неодамнешните дополнителни избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за вклучените општини. Таквото решение може да се најде само преку вистински дијалог меѓу сите клучни чинители, кои ги вклучуваат Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, со посредство на ЕУ. 

Албанскиот премиер Еди Рама повика на прекин на насилството, наведувајќи дека „демократскиот свет го стави во центарот на вниманието дијалогот, нормализацијата и взаемното признавање меѓу Косово и Србија".

Косовската претседателка Вјоса Османи се повика на Уставот и рече дека акцијата била легитимна. Српските власти порачаа дека нема да дозволат нова „Бура“ и протерување на Србите од Косово. Десетина се повредени во немирите. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството