Османи: Дејствијата на косовската полиција против нелегалните структури на криминалните групи на Вучиќ се легитимни
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2023 20:59
Косовската претседателка Вјоса Османи, изјави дека акциите на косовската полиција беа легитимни на северот. Таа се повика на Уставот.
Османи денеска изјави дека дејствијата на косовската полиција против „нелегалните структури на криминалните групи на Вучиќ“ се легитимни и дека се во рамките на „исполнување на уставните должности и заштита на сите граѓани“, пренесуваат српските агенции.
„Суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово се неповредливи, неотуѓиви и неделиви и се заштитени со сите средства дефинирани со устав и закон. Дејствијата на косовската полиција против нелегалните структури на криминалните групи на Вучиќ се легитимни, во исполнувањето на нивните уставни должности и во заштитата на сите граѓани, без разлика. Одржливоста, долговечноста и успехот на овие акции зависат и од координацијата со сојузниците кои беа и останаа гаранти на нашиот суверенитет и независност. Заедно сме посилни!“, напиша таа на својот Твитер профил, пренесе Танјуг.
Шефот на УНМИК, Каролина Зијаде, побара да се преземат итни чекори за намалување на тензиите на северот на Косово.
Акциите на косовската полиција денеска ги осудија американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер и американскиот сенатор Крис Марфи.
Албанскиот премиер Еди Рама смета дека акцијата е непотребна.foto Facebook/Vjosa Osmani
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




