04 Мај, 2024
0.2723

Руски свет во Македонија

Објавено во: Колумни 09 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Во понеделник  во Скопје треба да се отвори Руски центар. На тој начин и Македонија ќе стане дел од државите во кои Фондацијата „Руски мир“ во превод, „Руски свет“ отвора центри чија цел е популаризација на рускиот јазик и поддршка на програмите за изучување на рускиот јазик во Русија и во странство. Рускиот центар ќе работи во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фондацијата „Руски свет“ е формирана со декрет на рускиот претседател Владимир Путин во 2007 година. Нејзини основачи се руското Министерство за надворешни работи и Министерството за наука и образование. Финансирањето е од буџетот и од доброволни прилози и други извори. Една од задачите на фондот е поддршка на општествени и невладини организации, професионални здруженија и научни и образовни институции чија дејност е истражувањ на методиката за предавање и изучување на рускиот јазик и литература, истражување на историјата и на современа Русија. Исто така и помош во распространување на објективна информација за современа Русија, поддршка на работата на руската дијаспора во странство за зачувување на културниот идентитет и рускиот јазик, поддршка на извозот на руски образовни услуги... Да не беше сегашната ситуација во државава и во светот таква каква што е овој настан ќе минеше вообичаено. Но времињата денес не се такви. Поларизираноста во општеството и во светот околу она што го прави Русија воопшто, е на дело и кај нас. Па така, имам пријатели кои се противат на отворањето на Рускиот центар и други кои го поздравуваат. Првите велат дека центарот ќе биде само фасада за некакви работи кои немаат врска со јазикот или културата, додека другите тврдат дека на овој начин граѓаните ќе можат да се запознаат од поблиску со јазикот, културата, историјата, руската актуелност, соработка со Руската православна црква и други конфесии во делот на унапредување на рускиот јазик и руската култура. Мислам дека отворањето на Рускиот центар не треба да се дочекува „на нож“. Станува збор за спроведување на политиката на Путин за Балканот за унапредување на културната и економската соработка, кога веќе тој е одамна загубен за Русија на политички план. Сите држави на Балканот се стремат кон ЕУ и НАТО, а најголем дел од нив веќе се таму. Останаа Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Словенија, Хрватска, Романија Бугарија, Грција се во НАТО и ЕУ, а Албанија и Турција се во НАТО. Црна Гора е поканета во НАТО и има отворено поглавја за преговори за влез во ЕУ. Србија ќе ги почне преговорите со ЕУ. Во Алијансата се повеќе се зборува за интегрирање на останатите балкански држави во нејзини рамки. Сите велат дека тие мора да бидат таму, но и в ЕУ. Така што јасно е дека и другите балкански држави, меѓу кои и Македонија, порано или подоцна ќе бидат дел од евроатлантските интегративни системи. Треба да е јасно дека Рускиот центар не е едностран чин на Русите. Тој се отовора по подолги подготовки и во согласност со македонската страна. Впрочем , како што е и во другите земји каде што Фондацијата „Руски свет“ има отворено руски центри. А нив ги има во 45 земји ширум светот. Во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Африка, Австралија. На Балканот веќе се отворени такви центри. Ги има насекаде освен во Албанија, Косово и Хрватска. Секоја држава што држи до својата култура и јазик сака да ги промовира и да ги изучуваат што повеќе луѓе. На тој начин ќе се стекнат пријатели надвор од границата на својата држава. Секако отварањето на вакви центри не е случајност. Францускиот културен центар, сега институт, во Македонија постои неколку децении. Американскиот центар денес прерасна во Америкснаки катче во неколку градови низ државава. Британскиот совет е исто така присутен. Тука е и Гете институтот. Неодамна се отвори и кинескиот институт Конфичиј, а да не зборуваме за разни граѓански здруженија кои се основани со цел да се грижат за разни етницитети во државава. Оставјќи ги настрана последниве, ако се видат целите и задачите на разните центри на големите држави во Македонија станува јасно дека државава, иако мала, е интересна за нив и тие сакаат да имаат своевидно влијание во неа. Сите странски центри или институти во државава на преден план го ставаат јазикот и културата. Како и рускиот. Сите „врбуваат“ студенти преку нудење студиски програми за додипломски или постдипломски студии. Речиси сите нудат соработка со невладиниот сектор и државни институции во разни области. Колку за пример, Институт Конфучие е исто така отворен во соработка со Универзитетот „С.Кирил и Методиј“. Меѓу неговите цели е зајакнување на образовната соработка меѓу Кина и Македонија, поддршка и промоција на развојот на наставата на кинески јазик, проширување на комуникацијата и меѓусебното разбирање помеѓу луѓето на Кина и Македонија. Има курсеви за изучување на кинески јазик. И се разбира многу мултимедијални медиуми, кинески весници, книги, ДВД, музики, филмови, ТВ серии...Но се нудат и консултантски услуги во областа на образованието, културата, бизнисот. По затворањето на Американскиот центар во Скопје, Американците кај нас ја спроведуваат програмата Американско катче, спонзорирано од Стејт депатрентот. Како и другите центри и катчињата се дел од меѓусебната соработка на двете земји. Значи никој насила не ни ги тутнува овие центри. Во Македонија американски катчиња има во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Струга.  Ако се види веб страната на Американските катчиња, посетителите или членовите на катчињата следат разни културни проекти, слушаат предавања од научници,, разговараат, читаат, гледаат филмови. Исто така ним им се обезбедуваат бесплатни информации за САД преку книги, списанија, ЦД-а и им се овозможува бесплатен интернет. Токму затоа и новиот Руски центар, кој според најавите ќе работи на полето на културата треба да биде добродојден. А за руската култура и руската актуелност не треба да се трошат зборови. Настани во последно време: Неодамна низ светската интернет мрежа, на разни јазици, неколку дена се читаше „Војна и мир“ од Лав Толстој. На БиБиСи во тек е прикажувањето на истоимената серија. Кај нас кон крајот на минатата година беше поставен спектаклот „Мајсторот и Маргарита“. Во Виена во Музикалниот театар „Сирена“ во ноември годинава беше поставена операта „Ходорковски“. Да ја оставиме сега политиката настрана. Да, и во културните центри има политика. Но и тие се дел од светскиот фолклор на меѓународни односи. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина