16 Мај, 2024
0.0263

Руски платеници за 5.000 долари гинат во Сирија

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Руски платеници учествуваат во најжестоките борби во Сирија, помагајќи ги силите на сирискиот претседател Асад. За тоа добиваат и до 5.300 долари месечно, а посебно се истакнуваат платениците од „Вагнер ПМЦ“, кои се бореа во повеќето скорешни големи битки. 

„Вагнер ПМЦ“ се најде повторно во фокусот на јавноста на 7 февруари, по инцидентот кој резултираше со десетици руски жртви. Конечниот биланс на убиени во инцидентот не е потврден, но се` уште не е јасно зошто руските платеници ја нападнале базата на сириските Курди, каде што биле присутни и американски воени советници. Американската војска се одмазди со воздушни напади, во кои, според непотврдени информации, биле убиени над сто руски платеници. 

Американското министерство за финансии во јуни 2017 година воведе санкции против „Вагнер ПМЦ“, поради нејзината вмешаност во украинскиот конфликт. Нејзини платеници, како што пренесува Би-би-си, учествуваа во руското воено преземање на Кримскиот Полуостров во март 2014 година, како и во борбите во источна Украина.

Најновите податоци покажуваат дека „Вагнер МПЦ“ има најмалку 2.500 луѓе во Сирија. За ангажманот на сириското бојно поле, руските платеници месечно добиваат до 300.000 рубљи, односно околу 5.300 американски долари.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“