Русите се најчести гости - колку туристи ја посетиле Турција?
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 18:56
Во првите четири месеци од 2023 година Турција ја посетиле повеќе од 11 милиони туристи.
Како што јавува Анадолија, станува збор за 11.093.247 посетители. Министерството за култура и туризам на Турција oбјави дека бројот на посети на странски државјани на оваа земја во првите четири месеци од 2023 година е зголемен за 27,51 отсто во однос на истиот период лани.
Најчести гости се Русите. Бројот на туристи од оваа земја во однос на минатата година е зголемен за 134,96 отсто и надминува еден милион. На второ место по бројот на туристи е Германија, од каде во првите четири месеци во Турција дошле нешто повеќе од милион луѓе или 18,74 повеќе од истиот период минатата година. На трето место е Бугарија, а потоа следат Иран и Велика Британија.
Албанија може да се пофали со 1.7 милиони гости во првите четири месеци годинава.foto freepik.com/gar1984
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




