АЛБАНИЈА УРИВА РЕКОРДИ: За 4 месеци имале 1.7 милиони туристи
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 09:34
Албанскиот туризам се развива.
Во Албанија во првите четири месеци годинава имало рекордна бројка од околу 1,7 милиони странски туристи.
Како што објави Институтот за статистика (ИНСТАТ), тоа е раст од 57 отсто споредено со истиот период лани.
„Во периодот јануари-април најголем број од странските државјани кои влегле во Албанија се од Европа или 1.626.852, а потоа следат Америка и Источна Азија/Пацифик, со 36.265 односно 9.767 лица. Од вкупниот број, над 600 илјади се во април“, објави ИНСТАТ.
Лани во Албанија престојувале 7,5 милиони странски туристи што се оценува како рекордна. Нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година.foto freepik.com/frimufilms
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




