26 Април, 2024
0.0280

Русија ја легализира присилната депортација на Украинците

Објавено во: Колумни 30 Март, 2022

Добивај вести на Viber

До Државната дума на Руската Федерација беше поднесен предлог-закон, со кој се бара признавање како сонародници на сите кои зборуваат руски. Наспроти позадината на воените дејствија што ги започна Кремљ во Украина, овој предлог-закон е обид да се легитимира практичната депортација на Украинците од јужните и источните региони на територијата на РФ со нивна последователна натурализација, како и подготовка за понатамошна територијална и демографска експанзија во правец на Украина. За време на месецот на војната од наведените региони во Русија беа депортирани повеќе од 190.000 Украинци, од кои речиси 90.000 деца.

Во текот на 2020-2021 година Русија доживеа невиден пад на населението. Никогаш, дури ни во кризните 90-ти години, немало толку брза депопулација. Путин во декември 2021 година, за време на годишното интервју со новинарите, рече дека за 10 години во Русија нема да има кој да работи поради брзото намалување на населението. Пандемијата на коронавирусот исто така им зададе многу тежок удар на русите. Се верува дека реалните бројки за загуби може да бидат двојно повисоки од официјално објавените. Затоа, РФ бара какви било, па дури и криминални начини за подобрување на демографската состојба.

Демографската ситуација исто така е потешка поради тоа што Русија има многу голем проблем со приливот на илегални мигранти, главно од Централна Азија и Кина. Структурите за спроведување на законот во Москва, Санкт Петербург и некои други големи градови ја одржуваат ситуацијата на прифатливо ниво, спречувајќи социјални експлозии, но во руската околина ситуацијата е многу тешка: на некои места Русите се веќе во статус на маргинално малцинство, целосно потиснати од брзо растечките емигрантски заедници. Во некои региони, се забележува постепен егзодус на русите, кои практично ги протеруваат од своите домови.

Шпекулациите дека „оние кои говорат на рускисе Руси“ не држат никакви критики. Тоа е исто како Обединетото Кралство да каже дека секој што зборува англиски е англичанец. Кремљ се обидува на законодавно ниво да го оправда практичнотокиднапирање на луѓе со нивно принудно преселување во Русија. Ова е легализирана трговија со робови и под изговор на горенаведениот наратив, руската армија може да нападне која било земја во постсоветскиот простор.

„Оние кои говорат на руски се Руси“ претставува лингвистички нацизам, што ја потврдува криминалната внатрешна и надворешна политика на Кремљ. Во 21 век, граѓаните на која било цивилизирана земја се слободни да зборуваат на јазикот што го сакаат, под услов државниот јазик да се почитува, и да не се угнетува. Но, овој скандалозен предлог-закон значи неизбежни репресии врз несловенското население во РФ, од кои значителен процент се двојазични и често не користат руски во секојдневниот живот. Ова е уште една етапа во автократијатана Кремљ и обид да се изгради целосно тоталитарна држава.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во рубриката колумни се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД