18 Мај, 2024
0.0283

Русија го презема кормилото за претседавање со Г8-кои се приоритетите?

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во 2014 година Русија го презема претседавањето на најавторитативниот и највлијателниот светски политички клуб Групата осум.  Експертите сметаат дека ова е една од најважните етапи на воспоставување на рускиот дневен ред на меѓународната сцена. Самитот ќе се одржи во јуни во Сочи, на инфраструктурата изградена за Зимските олимписки игри, кои стартуваат во февруари во овој град. И тоа дава на Русија уште една предност, трошокот за организацијата на настаните ќе биде сведен на минимум.

Самитот во формат на Шесторка настана во 1975 година, а ги обедини владите на Франција, САД, СРН, Велика Британија, Јапонија и Италија. По една година се приклучи Канада, а во 2002 година форумот беше трансформиран во осум членки со учество на Русија. Четири години подоцна неформален состанок на државните лидери се одржа во Санкт Петербург. Без оглед на неофицијалниот карактер на нивната комуникација, отсуството на статут и меѓународен договор, кој можеше да го зацврсти статусот на Г8 како меѓународна организација, во рамки на клуб се основа основен меѓународен дневен ред.

Се одредија рамки на глобалната политика и односите на најразвиението земји на светот, како и нивните напори во решавањето на нај акутните проблеми, како што се гладот, болестите и екстремизмот во проблематичните региони.

Во текот на претходното заседание на Г8 во 2006 година, Русија предложи фокус на енергетската безбедност, образованието и здравството, борбата со тероризмот и регионалните конфликти, развој на глобалниот финансиско-економски систем и екологија. Овој пат приоритетите се корегирани, што е сосема логично во свет кој се менува со голема брзина. За иницијативите на Москва во годината која е пред нас, Гласот на Русија побара мислење од професорот на Академијата за национална економија и јавна управа, под покривителство на претседателот, Александар Михаленко.

Сите најактуелни прашања за човештвото, по правило се наоѓаат на дневен ред на Г8. Механизмот е следен, ние нешто предлагаме, нашите партнери со тоа се согласуваат или додаваат свои ставки. Претседателот изјави дека самитот во Сочи ќе ги разгледува новите глобални закани. Ако се погледнат претходните самити, тогаш темите за дискусија се приближно исти, тероризмот, дрогата, техногените катастрофи, сиромаштијата. Но, Владимир Путин зборуваше и за нови закани. Ако на пример го земеме нелегалниот промет на наркотици, тогаш во Латинска Америка забележуваме тенденција на легализација. Тоа се нови околности. Кога се работи за тероризмот, терористичките групи во Сирија ја одвлекуваат опозицијата во радикализам и таа не наоѓа допирни точки со властите. И големата земја не може да излезе од кризата. Русија ќе го постави и ова прашање.

Кога станува збор за техногените катастрофи и елементарните непогоди, тука исто така постојат големи промени, вклучувајќи го и нивниот зголемен број. И во борбата со овие појави централната власт мора да ги обедини напорите со општините, локалните заедници, вклучувајќи и мрежа на поединци. Инфективните болести, прехранбената безбедност исто така се наоѓаат на меѓународниот дневен ред како глобални закани, и Русија сигурно ќе ги разгледа и овие критични прашања. Впрочем, кои други ако не земјите на Г8, кои имаат огромни ресурси и се во состојба редовно да помагаат на сиромашните земји.

Директорот на Меѓународниот институт Алексеј Мартинов смета дека најважно прашање во целокупниот период на претседавањето на Русија со Г8 и понатаму ќе биде борбата со меѓународниот тероризам:

- Тоа е основно прашање на дневен ред. Во декември во Русија уште еднаш се соочивме со меѓународен тероризам. Цел свет се соочува со таа проблематика, а можеме да го победиме само сите заедно, потенцира тој.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години