27 Април, 2024
0.0358

Руси и Индијци на врвот од листата со најбогати Британци

Објавено во: Стил 21 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Рускиот бизнисмен Алишер Усманов се наоѓа на врвот на листата на најбогатите луѓе во Велика Британија на Сандеј тајмс, а неговото богатство се проценува на 13,3 милијарди фунти. Рускиот тајкун е сопственик на компанијата за обработка на железна руда „Mettaloinvesta“ и на бројни рудници, а има и 30 отсто од акциите во клубот Арсенал. На второ место е Лен Блаватник, сопственик на Ворнер мјузик, кој исто така е по потекло од Русија. Неговото богатство изнесува 11 милијарди фунти. Третото место го делат Сри и на Гопи Хиндуја, сопствениците на глобалниот конгломерат на „Хиндуја груп“, основана во Индија со седиште во Лондон. Четвро место е кралот на челикот, Лакшми Митал, Индиец преселен во Англија, сопственикот на Арчелор Митал, најголемиот светски производител на челик. На петто место се најде сопственикот на Челзи, Роман Абрамович со богатство од 9,3 милијарди фунти. Дури на осмото место има роден Британец, а станува збор за Џералд Кавендиш Гросвенор, шестиот Војводата од Вестминстер, сопственик на бизнис-империјата „Гросвенор груп“. На листата на оваа година има 88 милијардери, 11 повеќе од лани. Кога Сандеј тајмс ја објави својата прва листа, во 1989 година,  најбогатчовек во Велика Британија беше кралицата Елизабета.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти