РУСИ, ГЕРМАНЦИ, БРИТАНЦИ: Тие навалија во оваа земја
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2019
Британците, Германците и Русите покажале најголем интерес за посета на Турција.
Туристичките аранжмани за Турција лани имаа раст за повеќе од 22 отсто. Скоро 2,5 милиони патници веќе си го резервирале одморот за летово, информираше Платформата на тур-оператерите во Турција.
„За да се оствари целта од 50 милиони посетители за 2019 година, земјата мора да се фокусира на културниот и гастрономскиот туризам“ – изјави Чем Полатоглу, портпарол на Платформата.
Бројот странски туристи пораснал за 22,3 отсто во првите 11 месеци од 2018 година.
Во 2016 година се намали бројот на странски туристи во Турција, поради терористичките напади. Во јуни 2016 година имало пад на туристите од Русија со 98,5% и од Германија со 44,9%.