Румен Радев ја убедил нивната влада дека Македонија не заслужува безрезервна поддршка
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2020 09:32
Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за соседство не води кон нив, имаме право да бараме други средства, вели бугарскиот претседател Румен Радев за БНТ за односите со Македонија.
„Видете што направи Грција по тоа прашање“, рече Радев.
Тој додаде дека „Република Северна Македонија мора да одлучи дали ќе продолжи со омразата и идеологиите од минатото или ќе тргне кон демократска иднина“.
„За мене е важно што успеав да ја убедам бугарската влада дека не може да има безрезервна поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ. Бугарскиот парламент мора да донесе национална рамка која објективно ги брани нашите интереси“, рече Радев.
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Загариева, деновиве изјави дека не можеме да бидеме сојузници во НАТО, а да ги нарекуваме бугарските војници фашистички окупатори.Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




