Захариева: Не можеме да ги воспитуваме поколенијата на омраза
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2020 07:01
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, деновиве изјави дека не можеме да бидеме сојузници во НАТО, а да ги нарекуваме бугарските војници фашистички окупатори.
„Има над 15.000 антибугарски публикации. Не можеме да ги воспитуваме поколенијата на омраза. Не можеме да бидеме сојузници, а бугарските војници да се нарекуваат фашистички окупатори. Треба да се вратиме на тонот на добрососедството и спроведувањето на Договорот“, рече Захариева.
Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија, во утринското гостување на бугарската национална телевизија рече дека најверојатно постои изработен проект за надминување на несогласувањата со Северна Македонија на 17 ноеври.
На овој клучен датум министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе треба да одлучат со консензус дали ќе биде прифатена преговарачката рамка со која Македонија ќе треба да ги започне преговорите за прием.Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вели дека прашањето за Македонија останува отворено.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




