26 Април, 2024
0.1409

РТС: Франција ќе побара одложување на одлуката за Македонија до март

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber


Франција и некои други земји-членки сè уште не се согласни да започнат преговори со Северна Македонија и Албанија, предлагајќи да се одложи одлуката до март 2020 година, како и „промена на методологијата“ за проширување, што треба да се донесе следната недела, пренесува Радио Телевизија Србија од дипломатски извори во Брисел.

ЕУ го одложи отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана двапати, и покрај силната посветеност на повеќето земји-членки и Европската комисија за поддршка на таквата одлука. Последното одложување дојде во јуни оваа година, кога беше објавено дека ЕУ ќе се врати на темата најдоцна до октомври.

Сепак, Франција истакна дека може да ја поддржи одлуката само во март 2020 година, со претходен позитивен извештај на Европската комисија. Некои други земји-членки исто така ја „разбираат“ оваа позиција, додека Холандија, Данска и некои други членки посочија дека тие ќе го поддржат почетокот на преговорите со Северна Македонија, но не и со Албанија во овој момент, изјавија дипломатски извори на ЕУ.

Наспроти ова гледиште, има мнозинство земји-членки кои веруваат дека двете држави ги исполниле сите услови за започнување преговори и дека уште едно одложување би го нарушило влијанието на ЕУ во регионот, како и кредибилитетот на целокупниот процес на проширување.

Покрај одложувањето до март 2020 година, Франција побара и ревизија на сегашната методологија за проширување на ЕУ, која треба да претставува составен дел од одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана.

„Предложената промена во методологијата треба да обезбеди реален и неповратен напредок во реформите за време на пристапните преговори, со оглед дека има случаи на стагнација и неуспеси во земјите кандидати. Сепак, повеќето земји-членки сметаат дека дискусијата за можна промена во методологијата не треба да го одложува отворањето разговори со Албанија и северна Македонија, затоа што тоа ќе се смета како само уште еден изговор за одложување “, рекол дипломатски извор на ЕУ.

Земјите-членки ќе се обидат повторно оваа недела на ниво на амбасадори во ЕУ да постигнат компромис за почетокот на преговорите со Тирана и Скопје, во спротивно, следната недела дебатата ќе се подигне на ниво на Министерскиот совет, а доколку е потребно и на ниво на шефови на држави и влади на самитот на 17-18 октомври во Брисел.

Извори на ЕУ најавуваат дека по овој повод може да се одржи поширока дебата за политиката на проширување на самитот на ЕУ, под услов горливиот проблем на Брегзит да одвои време за ваква дебата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“