19 Мај, 2024
0.0457

РСБСП со честитика за 8 Март: Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно!

Објавено во: Македонија 07 Март, 2020

Добивај вести на Viber


Жените денес се активни учесници во патниот сообраќај. Освен како пешаци и велосипедисти, денес, сѐ поголем број жени, активно учествуваат во сообраќајот и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50 проценти.

Да се биде жена возач,  денес во 21 век,  не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или  моден детал, туку едноставно, тое  е потреба и сериозна обврска.  Динамиката на живеење и секојдневните  и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја прават жената сигурна, цврста, решена, упорна и успешна во сите сфери на општествено живеење,  па и во возењето.

И покрај тоа што статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за жените, дека  ретко може да се види жена да ги потценува последиците од  управување на моторно возило под дејство на алкохол, сепак  и покрај сите  општествени  напори,  за жал,  се уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи  за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи.

Улогата и значењето на  жената за безбедноста  во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание  како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор  отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со порака до сите жени  „ Нека Ви е честит денот на жената 8 –ми Март и бидете внимателни и одговорни  учесници во сообраќајот.  Мислете на себе, мислете и на другите во сообраќајот! Нека вашиот личен пример и личен  придонес  биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво.  Вашата улога во семејството и општеството е незаменлива!  Ништо и никој  не може да ве замени како мајка, сопруга, другарка, партнерка,  пријателка..........Чувајте се, за вас и вашите најблиски!


По повод денот на жената,  8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со партнерите организира женско возачко дефиле со цел подигање на свеста  против стереотипите за жените како лоши возачи.  Исто така, по повод  8-ми март,  РСБСП во соработка со МВР  организира едукативно превентивни настани и манифестации во повеќе градови истовремено. Централниот настан ќе се организира во „Скопје Сити мол“  во Недела на 8 март, и истиот опфаќа дистрибуција на цвеќе и едукативни  материјали за жените учесници во сообраќајот.

ЧЕСТИТ  „8- ми МАРТ“ 

# ВОЗИОДГОВОРНО



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“