Добивај вести на Viber
Европската економија, следната година ќе заздрави, изјави за белгиската телевизија "ВТМ“, претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.
„Дури и тешко повредените држави од еврозоната како Шпанија и Грција покажуваат знаци на раст. Обновата се уште не е многу видлива поради високото ниво на невработеност. За создавање на работни места ќе биде потребно повеќе време“, признава претседателот на Европскиот совет.
Тој ги отфрла тврдењата дека изборите за Европарламентот во мај 2014 година ќе донесат победа на евроскептиците.