Рокот за поднесување ДДВ пријава е продолжен
Објавено во: Економија 25 Јануари, 2019
Рокот за поднесување ДДВ-04 пријава е продолжен, информираа од Управата за јавни приходи.
По барање на корисниците на системот е-Даноци, а согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи известува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријава за која крајниот рок за поднесување е 25.01.2019 година, ќе се продолжи и во наредните два дена, односно 26.01.2019 и 27.01.2019, што ќе се смета за краен рок за поднесување на пријавите.