Родното гратче на Меланија во Словенија слави
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2017
Инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп е голем настан за едно гратче во Словенија, од кое потекнува новата прва дама, пренесоа американските медиуми.
Жителите на Севница ги следеа во кафулињата или во својот дом во живо церемониите од Вашингтон фасцинирани од појавата на Мелани Трамп.
Вчера во гратчето со околу 5.000 луѓе почнаа со тридневни свечености.
На сајт за промовирање на Словенија пишува „Добредојдовте во татковината на новата прва дама на САД!".
Меланија Трамп ангажираше адвокатска фирма во Словенија за да си го заштити името да не се користи за разни производи.
Меланија Кнаус е родена во 1970 година во Ново Место, но израснала во блиското гратче Севница.
На 20 години таа го напушта градот, за да гради кариера како модел.
Се претпоставува дека за последен пат била во Словенија во јули 2002 година, кога ги запознала родителите со Доналд Трамп во хотел во туристичкиот град Блед.
Жителите на Севница ја поканија неа и сопругот да ја посетат Словенија.