18 Мај, 2024
0.0270

Роботите ќе ги превземат работните места – ќе расте невработеноста

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Можно е  во не толку далечна иднина, роботите да превземат се повеќе и повеќе работни места од луѓето. Водечките светски компани на полето на развој на интернетот и софтверите како "Google" со купување на неколку компании за производство на роботи, јасно ја утврдуваат нивната намера во наредните години и децении да се инвестира во развојот на вештачката интелигенција, и тоа би можело да значи дека роботите ќе ги заменат луѓето на работните места. Објавувањето на кинеската компанија "Хон Хаи", како најголем светски производители на електроника дека ќе изгради роботска фабриката и така ќе замени околу 500.000 работници во наредните три години, е многу загрижувачко за нивните вработени, но на компанијата ќе и донесе повеќе од двојно намалување на трошоците. Шефот на одделот за развој на вештачката интелигенција, при  Универзитетот Сингуларитети од Силиконската долина во Калифорнија Нил Јакобштајн верува дека роботите ќе предизвикаат зголемување на невработеноста, но тоа нема да се поистовети со сиромаштијата. Според неговите зборови роботите се веќе "вградени во структурата на нашите животи", наведувајќи дека тие се применуваат во медицината, дизајнот, авио и автомобилската индустрија, како и дека тие стануваат "се попаметени." Јакобштајн тврди дека во средината на 2020. години вештачката интелигенција ќе го надмине човекот, и дека тоа ќе бара "промена во општествениот договор", или начин како ќе се дистрибуира богатство, бидејки како резултат на роботизацијата ќе дојде до драстично намалување на бројот на работни места. Тој истакнува дека проблемот е во фактот дека човечкиот мозок се разви за последен пат пред 50.000 години, додека луѓето се сеповеќе загрижени ако нивните компјутери или "паметни телефони" не се во согласност со времето. Писателот и документарист Џејмс Барата тврди дека светот е во опасност од роботизацијата  бидејки  вештачката интелигенција е "поопасна од фисија", бидејќи ќе биде уште по нестабилна, што би можело да биде оружје на автономни беспилотни летала на бојното поле со роботи. Компанијата "Gооglе" неодамна купи осум компании за развој на роботи, а еден од плановите на " Gооglе " е дека нејзиниот развиен систем за навигација ќе овозможи управување на автомобилот без возач.   К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население