Рикер: Покажете им на граѓаните дека никој не е над законот
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019
Треба да обезбедите истрагите да бидат транспарентни, бидејќи како што потенцира, граѓаните го почитуваат тоа. Треба да и се покаже на јавноста дека владеењето на правото е од клучно значење и никој не е над законот.
Ова е дел од праките кои денеска на заедничка прес конференција со премиерот Заев, в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер .
Тој кажа дека во САД со восхит се гледа на она што Македонија го направила.
-Преку Преспанскиот договор покажавте пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина. Во тој дух земјата треба да продолжи, а опозицијата да се вклучи во процесите. Земјата треба да овозможи владеење на правото и да покаже дека никој не е над законот-кажа Рикер.
Тој посочи и дека очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО а на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ.