10 Мај, 2024
0.0281

Ревлон во Македонија ги престави најновите трендови за коса во сезоната есен зима 2016/2917

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во неделата, 20 ноември 2016 година, во Хотелот Холидеј Ин, ДАКАЛАМА НЕТ - новиот ексклузивен увозник и дистрибутер на производите од реноминираниот светски бренд Ревлон Професионал во Македонија, ја престави Парти колекцијата есен- зима 2016/2017. Врвни фризери од земјава имаа прилика да ги видат и совладаат најновите техники и трендови на боење од светските модни писти, како и секојдневни фризури. На публиката која што ја сочинуваа преку 300 фризери ѝ беше претставена и новата колекција за нега на косата, Би Фабјулас. Овие производи се достапни за употреба во домашни услови и во фризерски салони. Да се биде убава е секогаш предизвик, како што вели Хали Бери, заштитното лице на оваа линија производи на Ревлон Професионал. Таа истакнува дека сите овие производи ѝ овозможуваат нејзината коса да изгледа соврешено и тоа, во секоја прилика, а токму тоа е она што публиката од неа го бара како актерка.

Покрај оваа линија, преставена беше и линијата на призводи за трајно исправање и виткање на косата, Ластинг Шејп.  Линијата е достапна за три вида на коса. Продуктите од оваа линија се нанесуваат лесно, а резултатите се зебележуваат веднаш. Покрај ова, производите од оваа линија обезбедуваат грижа за косата, влијаат на долгорочно редуцирање на оштетувањта на влакното. Клучни придобивки за корисниците на производите од оваа линија се: волумен на косата, дефинираност на фризурата, еластичност на влакното, забележителен сјај, косата е свиленкаста на допир, а резултатите траат долгорочно.

На семинарот покрај останатите, своја презентација имаа и врвните фризери од регионот Војислав Радивојевиќ и Александар Демиќ, познатите миленици на фризерите ширум Балканот, а публиката беше воодушевена од нивниот настап.

Новиот ексклузивен увозник и дистрибутер на Ревлон Професионал производите за Македонија нуди нов, свеж пристап со кој на фризерите постојано ќе им биде прикажувано што е најново во светските трендови за боење и нега на коса и тие нема во ниту еден сегмент да заостануваат. Производите на Ревлон Професионал им се достапни на крајните корисници преку фризерските салони.

На средбата во Холидеј Ин, присуствуваше генераланиот директор на компанијата ВСД Трејд од Белград, Сања Узелац, под чија капа се пазарите на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за произв одите на Ревлон Професионал производите, која истакна: „Сигурни сме дека нашиот нов дистрибутер, компанијата ДАКАЛАМА НЕТ, уште повеќе ќе ја зајакне лидерската позиција на брендот Ревлон Професионал напазарот во Македонија. Тие ќе им обезбедат на фризерите во Македонија да бидат константно информирани за најновите светски трендови кога е во прашање нега и стилизирање на коса,како и за сите производи на Ревлон Професионал кои ја овозможуваат реализацијата на тие трендови.“

“Производите на Ревлон Професионал им се достапни на крајните корисници преку фризерските салони, а нашата компанија преку новиот, свеж пристап со кој ќе им овозможи на фризерите постојано да бидат во тек со новитетите во светските трендови за боење и нега на коса и тие нема во ниту еден сегмент да заостануваат.“ - додаде во својата изјава за медиумите, генералниот директор за Македонија на Ревлон Професионал, Мирјана Свилар-Алексовска.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори