Добивај вести на Viber
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските земји да ги почитуваат правилата на буџетска дисциплина за излез од економско-финансиската криза.
„Ако ние самите не ги почитуваме правилата кои ги усвоивме за време на кризата, тогаш ќе предизвикаме недоверба, а тоа е лошо за цела Европа. Затоа ние Германците се трудиме да се почитуваат правилата“, рече Меркел на конгресот на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Келн. Нејзиниот говор беше проследен со громогласен аплауз.
Меркел денеска по осми пат беше избрана на чело на ЦДУ. Таа беше единствен кандидат и освои дури 96,7% од гласовите на Конгресот.