05 Мај, 2024
0.0327

Решија ли Американците да ја уриваат руската економија?

Објавено во: Економија, Колумни 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Новинските агенции вчера доцна вечерта зовреа. Главна вест беа новите американски санкции кон Русија. Во американскиот црн список се најдоа 11 физички и 15 правни лица, Руси и Украинци, фирми и роднини, деловни партнери на луѓе кои велат дека се блиски на претседателот Владимир Путин, како и некои градови во Крим. Според она што беше соопштено Американците, поточно, првиот човек на одделението за контрола на активи во странство, при министерството за финансии на САД, Џон Смит, вели: Денешните мерки ја потцртуваат нашата решеност да вршиме притисок врз Русија во светлината на нејзините нарушувања на нормите на меѓународното право и ескалацијата на конфликтот во Украина. Нашиот сигнал е јасен: ќе продолжиме да дејствуваме во насока на тоа, нашите санкции да станат поефикасни. Според него тие мерки следат веднаш по мерките преземени од страна на ЕУ, која ги продолжи своите санкции кон Русија и по најавата на Канада дека ќе ги засили санкциите кон Русија. Истовремено од Стејт департментот стигна изјава дека „Прашањето за симнување на наметнатите санкции врз Русија заради настаните во Украина ќе може да се разгледа само после целосното исполнување на договорите од Минск. Тие кога ќе се исполнат во целост, тогаш може да се зборува за нивно укинување“. Во руските медиуми со денови се бруи за опасноста од нови санкции кон Русија и токму од САД. Дека рубљата наскоро може да падне драстично и се зависи од тоа дали ФЕД ќе ја зголеми процентнтата ставка на депозитите, што може да доведе до ново зајакнување на доларот. Дури има навестување дека, по мировниот договор за Иран, САД ќе можат повеќе да се посветат на Русија. Исто така се забележува дека досегашните санкции не ја постигнале саканата цел. Дека многу компании нашле заобиколни патишта да ги надминуваат санкциите. Оттука и опасностите Американците да притискаат заедно со ЕУ и да се однесуваат кон Русија како кон Иран. Да стават ембарго на руската нафта, на пример, кога веќе не можат на гасот, бидејќи Европа е зависна од него. Или да ја исклучат од системот за меѓународни плаќања SWIFT… Не така одамна американскиот претседател Барак Обама изјави дека „руската економија е искршена на парчиња“. Ако е така тогаш се поставува прашањето зошто се потребни нови санкции? Дали не е поверојатно дека повеќе може да се зборува за неефективноста на досегашните санкции, па сега тие се прошируваат и на други поединци и компании? Оттука и коментарите во Русија дека потегот на Американците е поврзан со ветото на Русија во ОН за форимирање Трибунал за уривањето на авионот на Малезија ерлајнз над Украина. Вице претседателот на Центарот за политички технологии од Москва, Алексеј Макаркин, поткрепувајќи ја оваа теза, за Газета.ру, вели дека времето избрано за санкции, само ден по гласањето во ОН, а не три дена порано или по три недели, не е случајно. Тоа е поврзано со гласањето. –Во САД знаеја дека Русија нема да гласа поинаку. Во светот сега во поглед на санкциите има разни мненија. Дека треба да се продлабочат, а има и мнение дека со Русија треба да се разговара помеко. И, сега, бројот на тие кои се приврзаници за разговор со Русија, кои можат да ги критикуваат санкциите, се намали. По некое време тие пак ќе почнат да зборуваат за разговори, но сега им е неудобно да го прават тоа. Токму затоа сега санкциите нема да наидат на критика од Запад. Затоа што беше донесено решение да се воведат баш сега, вели Макаркин. Американскиот одговор на ова тврдење, дојде од амбасадата на САД во Москва. Оттаму велат дека раширувањето на санкциите во однос на Русија не е поврзано со ветото на Москва врз формирањето на Трибунал за рушењето на „Боингот“ во Украина. Туку дека „станува збор за проширување на сегашните санкции, за да се убеди, дека тие имаат ист ефект како и порано“, изјави вчера прес секретарот на амбасадата Вилијам Стивенс. Кој да се убеди и како да се убеди не е јасно. Дали Американците во правилноста на својата политика или пак Русите, дека ќе немаат спокојна есен. Како и да се вртат работите едно е јасно. Русија е пред голем предизвик. Санкциите го покажуваат нивното влијание, а тоа го признаваат сите. Па дури и во Русија. Дали излезот ќе биде во вртење кон Азија? Има и такви заговорници. Велат, кога западните банки нема да им даваат кредити на Русите или како што прават сега, па им даваат со рок на враќање од една недела или еден месец, тогаш курсот треба да се насочи кон Кина, Сингапур, Хонг Конг... Многу работи ќе станат појасни есенва, иако некои го споменуваат и август. Минските договори се важен фактор кој влијае врз санкциите, но не и најважен. Кој знае уште што ќе извадат на маса САД и Русија. Последнава може да воведе контрасанкции кон некои американски компании или поединци, но колку ќе биде тоа ефикасно? Или пак да почнат преговорите за иднината на Сирија, како што беа оние за Иран, во кои монета за поткусурување ќе биде Украина. Џон Кери и Сергеј Лавров ќе се сретнат наредниве денови во Доха. Можеби по таа средба работите околу тоа, дали Американците решиле да ја уриваат руската економија, ќе станат појасни. Мирче Адамчевски    

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години