30 Април, 2024
0.0432

Реновирана дневната болница на Клиниката за хематологија

Објавено во: Македонија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија информира дека деновиве целосно ја заврши и последната фаза од процесот на обновување на клиниката, со што и одделот на Дневната болница доби комплетно нов изглед.

Станува збор за одделот каде што се спроведува дијагностика, терапија и  долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања.

Покрај реновирањето, Дневната болница на Клиниката за хематологија го осовремени третманот на пациентите, обезбедувајќи и нови апарати како и опрема кои ќе им овозможат на пациентите здравствена нега на значително повисоко ниво.

Од особена важност за пациентите, како и за персоналот кој ги опслужува, е и целосното почитување на највисоки стандарди воспоставени заради заштита од Ковид-19 на клиниката. За таа цел се обезбедени и најсовремени апарати за стерилизација на воздухот. И во време на рестрикции поради пандемијата со Ковид -19, во дневната болница непречено се пружаа медицински услуги во две смени. Строго беа запазени сите препораки и услови, за сите пациенти да се чувствуваат безбедно и сигурно при посета на клиниката. За периодот до 31.07.2020 забележан е пораст од 5%  во однос на 2019 година и во тој период вкупно се реализирани 9310 болнички денови. Вкупниот број на реализирани болнички денови во 2019 изнесува 21 344.


“Нашата цел е да овозможименајсовремени здравствени услуги и врвен медицински третман, кои ќе бидат достапни за сите граѓани , во услови кои ќе гарантираат безбедност и удобност.“ - изјави директорката на Клиниката д-р Ирина Пановска Ставридис.

Со обновената Дневна болница е комплетиран процесот на целосно реновирање на клиниката.Оваа инвестиција ќе овозможи нашата врвна експертиза и терапија да се одвива во најсовремени просторни услови,со што се залагаме за подигање на угледот и довербата не само во капацитетот на Клиниката за хематологија туку и во јавното здравство воопшто.


Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип