Ременски се изјасни за невина, на премиерот не му се лути ако ја исклучи од партија
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019
Воопшто не му е лута на лидерот на партијата кој најави нејзино исклучување по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“. Фросина Ременски која доаѓа од владеачката партија стана осомничена.
Имено, пратеничката Ременски отфрли вина.
Таа посочи дека не се чувствува виновна и очекува од ОЈО да го докаже тоа што и го става на товар.
* РЕМЕНСКИ: Од моќен функционер, преку хуманитарец, до осомничена за Рекет
-Сакам да направам разграничување помеѓу случајот „Рекет“ воден против тројцата осомничени и за случајот за кој обвинителството највува истрага во однос на делување на Меѓународниот сојуз, кажа Ременски пред новинарите по завршувањето на исказот, додавајќи дека се побарани мерки за неа и оти очекуваат одлука.
Во однос на кажаното од премиерот дека ќе биде исклучена од партијата се додека не се докаже дека не е виновно, Ременски посочува дека неговата изјава била пренесена во погрешен контекст.
Во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека ако некое лице биде осомничено, обвинето или слично, ќе биде времено отстрането од партијата, Ременски истакна дека ќе ја почитува секоја одлука.
Истрагата за Рекет вчера се прошири на уште четири лица. Приведена е Јасна Мандиќ а доби и куќен притвор сомничејќи се за перење пари и измама.