15 Мај, 2024
0.0841

Рекорден интерес за изборот на „Најпроактивен агро бизнис“ на Прокредит Банка

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Рекордни 150 примарни земјоделци, преработувачи и откупувачи се пријавија за наградувањето на ,,Најпроактивни агро бизнис’’ од Прокредит банка. Од примарните производители најголем интерес има во категориите сточарство и овошни насади, а споредено со минатите години расте бројот на пријавени сертифицирани органски производители. За првпат оваа година за изборот се пријавија и преработувачи и откупувачи на земјоделските производи, а најголемиот број на апликации се од македонската конзервна индустрија. ПроКредит Банка го организира овој избор по 3-ти пат, а оваа година бројот на пријавени е најголем. Наградените ќе бидат соопштени на агро бизнис форумот, кој ќе се одржи на 17 декември во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје и наградени со саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа- Fruit Logistika во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и пласман во странство. На форумот Министерството за земјоделие ќе ги соопшти новите Законски измени кои отвараат нови можности за македонските земјоделци, а ќе се отворат и прашања како заеднички можеме да создадеме препознатлив македонски производ, да бидеме поконкурентни и иновативни. Настанот е отворен за сите бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, прехранбената индустрија и нивните комплементарни дејност и од настанот гледаат отворена бизнис можност за нова соработка, размена на искуство, следење на трендовите на иновации. Ваквиот настан е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка  која е насочена кон поддршка на секторите со висок потеницијал во македонската економија.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти