19 Мај, 2024
0.0256

Регионално поврзување на македонската со берзите од Балканот!

Објавено во: Финансии 29 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Со регионалното поврзување на берзите од Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Бугарија македонските компании ќе бидат подостапни за инвеститорите од останите земји кои се дел од овој проект, посчуваат од финансиските друштва во земјава. Но, уште побитно е дека ова регионално поврзување ќе го отвори македонскиот пазар и за странски инвеститори присутни во овие земји кои досега не се појавиле на македонскиот пазар на капитал. „Тука пред се е значајно влијанието на институционалните инвеститори кои располагаат со многу поголеми средства од домашните институционални инвеститори, а кои досега не биле присутни на македонскиот пазар на капитал поради различни причини од административен или економски карактер. Со реализација на оваа идеја реално е да се очекува регионалните институционални инвеститори дел од средствата да насочат кон македонскиот пазар на капитал што во секој случај ќе влијае позитивно и на ликвидноста и на пореално вреднување на македонските компании, вели Горан Марковски од КБ Публикум. Очекувањата се дека со регионалното поврзување на берзите ќе се обезбеди поефикасен пристап на инвеститорите и полесен начин да се дојде до посакуваната инвестиција преку учеството на локален брокер, а при тоа независноста на берзите кои учествуваат во проектот да не се наруши. „Со поврзувањето на регионот инвеститорите од Македонија ќе имаат можност за поголем избор на компании во кои би вложувале, вели Лазе Камчев од КД Фондови. Акциите на странските компании ќе бидат достапни и за физичките и правните лица од Македонија Но, и самите компании кои ќе бидат дел од регионалната берза ќе треба да имаат во предвид дека токму од нивните резултати во услови на засилена конкуренција ќе зависи и тргувањето со нивните акции. Финансиските аналитичари објаснуваат дека поради зголемената понуда на компании кои ќе се најдат на платформата и ќе бидат достапни на граѓаните од овие земји, значаен фактор при одлуката за тргување во услови на зголемена конкуренција ќе биде токму работењето на компаниите и нејзините перформанси во однос на другите, нејзината транспарентност, ликвидност. „Се очекува дека целиот проект ќе допринесе за дополнителна атрактивност на македонските хартии од вредност особено кај оние кои покажуваат добри перформанси во работењето, имаат високо ниво на транспарентност, додава Камчев. Сега на граѓаните и компаниите од Македонија ќе им се дозволи директно да купуваат акции во странските компании. Односно, домашните инвеститори, во контекст на постоечката законска регулатива за девизно работење, поврзувањето на македонската берза со регионалните берзи ќе им овозможи вложување во хартии од вредност кои досега директно не беа достапни за физичките и правните лица. „На овој начин на македонските инвеститори ќе им се овозможи да го дисперзираат ризикот, што дополнително би требало да го зголеми и врати интересот на македоскиите инвеститори за инвестирање во хартии од вредност, вели Марков од КБ Публикум. Инаку, македонската берза, по бумот што го имаше во 2007 година, сега е во стагнација, но очекувањата се дека со регионалното поврзување сега ќе се раздвижи и македонскиот пазар на капитал. Македонска берза вчера прослави 20 години постоење.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат