18 Мај, 2024
0.0272

Регионална инвестициска платформа

Објавено во: Мои пари 30 Април, 2019

Добивај вести на Viber

За да може процесот на регионална економска интеграција целосно да се спроведува, владите во регионот треба да го земат во свои раце планирањето и спроведувањето на агендата за регионална соработка, при што ќе ги земат предвид моменталните фази на усогласување со регулативата на ЕУ и нејзината имплементација, сè уште кревките политички односи во регионот и различните нивоа на економски развој. Агендата за регионална соработка треба да биде резултат од заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни, при што ќе се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и ќе се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво.

Со цел исполнување на агендата на коморите на ЗБ6, во 2018 година со поддршка на Европската банка за обнова и развој, Коморскиот инвестициски форум ја лансираше „онлајн“ инвестициската платформа „Регионална инвестициска платформа“што го претставува регионот на ЗБ6 како една дестинација за инвестирање и ги нуди сите неопходни информации, факти, цифри и регулаторни алатки што им се потребни на инвеститорите кога донесуваат одлука за тоа каде да инвестираат.

Од платформата можат да се добијат сите потребни информации поврзани со условите и поволностите за инвестирање, но и да се обезбедат одговори на конкретните прашања на бизнис заедницата заинтересирана за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да се инвестира .

Платформата, меѓу останатото, содржи Правна и даночна база на податоци, во која се содржани детални информации кои може да се од интерес за инвеститорите кои сакаат да започнат активности во некоја од земјите од Западен Балкан - вклучувајќи ги меѓу другото прашањата за регистрација на трговско друштво, пазарот на капитал, јавните набавки, вработувањето, даночниот и царинскиот режим, визниот режим и обезбедувањето на работни дозволи за странци, решавањето на споровите, правната рамка која се однесува за заштита на инвестициите.

Платформата, покрај тоа што им помага на заинтересираните инвеститори, истовремено им помага и на малите и средни претпријатија во нивните инвестициски активности како и на владите од државите на Западен Балкан да ги отстранат бариерите и да усвојат транспарентно деловно опкружување кое ќе обезбеди понатамошен раст на регионот.

Платформата ги содржи и предлозите на Коморскиот инвестициски форум за подобрување на бизнис климата во државите од Западен Балкан, кои се однесуваат на обезбедување на институционална и политичка поддршка за имплементација на Регионалната економска област (РЕО), но и за обезбедување слободно движење на стоки/услуги во целиот регион, слободно движење на луѓето од регионот, креирање на заедничка стратегија за дигитална трансформација и заедничка регионална енергетска стратегија, но и заедничко промовирање на регионот како специфична инвестициска дестинација.

За повеќе информации во врска активностите на КИФ, посетете ја официјалната веб-страница на Регионалната инвестициска платформа; www.investinsee.com.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата