19 Мај, 2024
0.0271

Реален сон до полесен дом или сепак не-Колку се исплати „Купи куќа-Купи стан“?

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Реалноста е дека многу млади лица и брачни парови се уште немаат сопствен дом, но очигледно е дека има шанси владиниот проект да заживее.

Заинтересираност има, ама колку се исплати?

Банките и надлежните велат дека се задоволни од интересот кој граѓаните го имаат за субвенциониран кредит во соработка со Владата.

Интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“ е огромен, проценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Се работи за многу добар проект за луѓето коишто немаат многу пари и можат само делумно да приберат средства за да го решат животното прашање, но од друга страна им треба малку помош и тука е државата со субвенциите што ги дава, односно Владата со субвенции коишто достигаат и до 14.000 евра доколку се работи за куќа за кредит од 50.000 евра. А доколку се работи за стан субвенциите достигнуваат до 9.200 евра“, вели Ставрески.

Најголема понуда до сега има во Скопје, каде и интересот е најголем.

Караванот продолжува и После Нова Година

Условите остануваат исти. Барателите на кредитот да немаат примања поголеми од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра метар квадратен, а кредитот да не надминува 50.000 евра. Се бира меѓу два проекти- половина рата, при што Владата пет години отплаќа половина од месечната рата од станбениот кредитот или Владата да плаќа половина од учеството за да се добие станбен кредит.

1. МОДЕЛ "75% / 50% РАТА" Владата за изградба/купување на куќа ќе плаќа 75% од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. За купување на стан Владата плаќа половина од месечната рата за истиот период. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува:
  • 3,95% за првите три години
  • 4,44% за четвртата и за петтата година од отплатата
2. МОДЕЛ "75% / 50% УЧЕСТВО" Владата ќе плати 75% од учеството за изградба/купување на куќа, или најмногу до 9.375 евра за кредит од 50.000 евра. За учество за кредит за купување на стан Владата ќе плати 50% од учеството, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.

Оваа среда во Куманово ќе бидат презентирани можностите што ги нуди проектот.

Претставници од Министерството за финансии ќе им објаснат на кумановци колкави субвенции нуди проектот, кои услови треба да се исполнат за да се аплицира и како да се поднесе барање за користење на финансиски средства. На презентацијата ќе бидат присутни и градежни компании кои ќе ја претстават локалната понуда на станови.

 Доколку немате можност директно да ги слушнете понудите во врска со овој проект можете да прочитате на официјалната страна која Министерството за финансии ја има токму за проектот Купи куќа купи стан .

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа