18 Мај, 2024
0.0302

Реакција на Веибо-Не се прекршуваат правата на вработените

Објавено во: Македонија 11 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Веибо испрати реакција до Фактор.мк за објавен текст базиран на добиено соопштение во кое се спомнуваат нивните вработени и условите со кои се соочуваат во конфекцијата во Крива Паланка. Веибо бара извинување од Фактор бидејќи наводно информациите кои биле пренесени не се совпаѓаат со фактичката состојба во компанијата која работи според законските прописи. Ова е нивната реакција која ја пренесуваме во целост:

-На ден 16.03.2017 година објавена е статија по однос кршење на работничките права на вработените во конфекциската индустрија наведувајќи како наводните инвеститори се богатат, а вработените со 70 часа неделно зимаат минимална плата од 7000 денари, а оние 230 работници кои беа преземени од бизнис партнерот Орце Камчев, секојдневно се жалат на кршење на работничките права и секојдневно се жалат на некоректниот и нечовечки однос од страна на одговорните лица во погонот во Крива Паланка.

На вака објавената статија Друштвото за производство, трговија и услуги Веибо Гармент Продакшн Македонија ДООЕЛ Скопје изјавува дека во статијата се изнесени невистинити факти, од причини што вработените имаат работно време согласно Законот за работни односи во Република Македонија и секоја прекувремена работа поради зголемен обем на производство е уредно платена согласно закон.

На вработените со ниедно дејство не им е нарушен угледот и честа, напротив во многу наврати друштвото преку различни видови на помош ги има поддржано своите вработени.

Друштвото за производство, трговија и услуги Веибо Гармент Продакшн Македонија ДООЕЛ Скопје се стреми кон слободно изразување на ставовите и мислите на своите вработени, па произнесените факти за погазување на достоинството поради споредба со животинско царство се невистинити и истите директно го нарушуваат рејтингот и угледот на правното лице, особено што ние се стремиме да работиме во Република Македонија согласно позитивните законски прописи.

Поради тоа бараме јавно извинување или јавно повлекување на објавената статија, бидејќи повеќе пати сме користени како алатка за политички пресметки и истото веќе директно влијае врз работењето на друштвото, реагираат од Веибо.

Фактор уште еднаш потенцира дека наведената статија од Веибо е всушност објава на пристигнато соопштение од една политичка партија и не ги одразува ставовите на редакцијата на Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада