04 Мај, 2024
0.0241

„Ре-Медика“ e супербренд за 2013/2014 година

Објавено во: Стил 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Првата приватна општа болница „Ре-Медика“ e супербренд за 2013/2014 година. Ова признание претставува дополнителен мотив за да се продолжи со квалитетно работење со цел да се оправда довербата која секојдневно ја даваат голем број на задоволни пациенти во Ре-Медика.

Секогаш се трудиме да бидеме први во воведување на новитети,да инвестираме во врвна технологија, да ги следиме највисоките стандарди на работење, да вложуваме во едукација на нашиот професионален тим, се со цел да ги задоволиме потребите и барањата на нашите пациенти кои се главната причина поради која постоиме. Добиеното признание на нашата болница за супербренд е само дополнителен доказ и награда за нашата посветеност кон работата и нашите пациенти“, изјави Елица Јорданова генерален менаџер наРе-Медика“.

 „Ре-Медика“, продолжува со своето квалитетно работење и воведувањето на нови услуги и методи на лекување. Тоа е потврдено со проверки од трета страна во текот на 2012 година, со што ПЗУ „Ре-Медика“ е прва сертифицирана општа болница во Македонија со систем на управување со квалитет, согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2008. Сите овие признанија се само докази дека „Ре-Медика“ функционира како современа болница каде се применуваат стандардите воспоставени во секоја високо рангирана медицинска установа во западноевропските земји.