18 Мај, 2024
0.0313

РАЗВРСКА: По Велигден нова Влада, платформа во аут!?

Објавено во: Македонија 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Со реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ или пак со  поодлучни чекори од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ,  како ќе продолжи дебатата во Собранието во вторник?  Иако, пред празникот се најавуваа поодлучни чекори од СДСМ кои ќе водат кон избор на Претседател на Собрание, а потоа и избор на Влада, сепак, тоа не се случи, а ВМРО-ДПМНЕ наслутувајќи дека е можно такво сценарио порача никој да не помислува на такво нешто оти ќе се соочи со народот.  Сега,  јавноста е во очекување на следните потези на партиите по завршување на празникот.  Дел од аналитичарите пак сметаат дека мнозинството во парламентот сериозно треба да размисли за поодлучен пристап.  

„Да потсетам, ова мнозинство е " меѓународно признаено"- имплицитно во изјавите што пристигаат од дипломатите кои упатуваат вакви апели. Оттука, во кое својство коалцијата предводна од СДСМ ја легитимира сегашната узурпација на инсититуциите вклучувајќи го и Собранието, вели Ана Чупеска Станишковска од Правниот факултет.

Дел од интелектуалците од албанската заедница пак порачаа дека ДУИ треба да покаже дека не игра во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и повикаа да се откаже од Тиранската платформа, коога се гледа дека сега тоа има само негативен ефект за целата држава.

Собраниската дебата е во мирување се до завршување на празниците, но продолжуваат и партиските препукувања преку преписки. Откако по три неделна дебата во Собранието пратенците си упатија обвинувања и контраобвинувања за криминал и уништувања на државата, истата реторокира ја продолжија и со писмените соопштенија.  

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДС, како што ја нарекуваат партијата на Заев, е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси. СДСМ, пак возврати дека во следниот период, многу брзо граѓаните ќе добијат Влада, согласно Уставот, Деловникот и законите.

Само неколку дена пред да одлучат дека Собранието нема да работи се до вторник, реториката на пратениците се заостри. Па така, ВМРО-ДПМНЕ, објави дека СДСМ планира насилно превземање на власта пред Велигден и порача да не помислува на такво нешто, бидејќи ќе следува соодветен одговор без да се прецизира што тоа значи. Потоа, следуваше и писмено соопштение од СДСМ дека поодлучно ќе влезат во реализација на изборот на новата реформска Влада. Сепак,  ништо од тоа не се случи, и во мирна атмосфера претседавачот Трајко Вељановски објави дека пратениците ќе продолжат со работа во вторник.С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта